10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтајнмаер се заложи за засилување на француско-германското лидерство во ЕУ

Штајнмаер се заложи за засилување на француско-германското лидерство во ЕУ

Новиот германски претседател Франк Валтер Штајнмаер во четвртокот се заложил за засилување на француско-германското лидерство во Европската унија (ЕУ) за да се обезбеди нејзината иднина, еден ден откако Велика Британија ја започна процедурата за излегување од Унијата, пренесуваат светските агенции.

Штајнмаер во заедничка изјава со францускиот претседател Франсоа Оланд за време на посетата на Париз рекол дека „Германија и Франција, сакале или не, мора да прифатат поголема одговорност за остварувањето на надежта на Европејците“.

Тој рекол дека ЕУ може да се промени, но и да остане „витална и незаменлива“. „Драго ми е што Германците и Французите се подготвени да продолжат напред, едни покрај други“, додал тој. Оланд, пак, предупредил на „замката на национализмот“ во Европа и ги повикал членките на ЕУ да покажат поголема солидарност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП