17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција обвинета дека не ги заштитила мигрантските работници од присилна работа

Грција обвинета дека не ги заштитила мигрантските работници од присилна работа

Европскиот суд за човекови права во четвртокот ја обвини Грција дека не сторила доволно да ги заштити мигрантските работници кои биле жртви на „присилна работа“, и на кои обезбедувањето пукало кога протестирале поради неисплатените плати.

Европскиот суд за човекови права на Атина ѝ нареди да исплати по 16.000 евра на секој мигрант, а нивните случаи предизвикаа огорчување ширум земјата, бидејќи се смета дека грчките власти биле сосема свесни што се случува.

Надзорници на фарма за јагоди кај југостиочниот град Неа Манолада пукале на десетина мигрантски работници кои во 2013 година протестирале поради неисплатените плати. Тога беа повредени повеќе од дваесет работници, повеќето од Бангалдеш.

Грчкиот суд една година подоцна ги обвини нивните работодавачи за трговија со луѓе, и им нареди на секој од 35 работници кои се прогласени за жртви да им исплати отштета од 43 евра. На еден од вооружените обезбедувачи, и на еден вработен им беа изречени условни казни, што предизвика незадоволство кај синдикатите и здруженијата за човекови права.

Мигрантските работници биле терани дневно да работат по 12 часа под надзорот на вооружени чувари, и трипати штрајкуваа барајќи ги своите плати. Нивните работодавачи ги предупредиле дека ќе бидат платени само доколку продолжат да работата, објави Европскиот суд за човекови права. Работниците биле сместени во импровизирани колиби без санитарни јазли или пристап до вода за пиење.

„Фактите за коишто се зборува, а особено работните услови за работниците, јасно покажуваат дека станува збор за трговија со луѓе и присилна работа“, заклучил судот.

Грчките власти, според Европскиот суд за човекови права, не успеале да ги заштитат мигрантите од таквото постапување, иако потполно биле запознаени со ситуацијата на плантажите со јагоди.

Грција и натаму останува влезна точка за мигрантите кои по поморски или копнен пат се обидуваат во Европската унија. Државата, исто така, се бори за излез од длабоката должничка криза, а невработеноста изнесува над 24 отсто.

Повеќето мигранти кои ќе најдат работа во Грција тоа го прават илегално. Повеќе од 40 отсто од нерегистрираните работници во оваа земја се мигранти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП