19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонесен закон за целосна забрана за екстракција на метали од Салвадор

Донесен закон за целосна забрана за екстракција на метали од Салвадор

Koнгресот на Салвадор усвои закон со кој се воведува целосна забрана за екстракција на метали, објави Reuters.

Целта на ограничувањето е да се заштитат природните богатства и животната средина на централноамериканската држава.

Законот става крај на студијата за рударството и обработката на метали, без разлика дали станува збор за откриени или подземни рудници.

Според текстот ниту една институција нема право да издава лиценци за слични активности. Се забранува употребата на токсични супстанции како цијанид и жива во рударството во земјата.

Гласови за поддршка на законот се слушаат во Салвадор уште од 2005 година, кога еколошки организации, активисти за човекови права и католичката црква долго лобираа за воведување на строги ограничувања на добивање на метали, пишуваат латино американските изданија.

Земјата располага со златни и сребрени наоѓалишта, кои последниве години го привлекоа вниманието на многу инвеститори.

Во 2009 година, австралиско-канадска компанија поднесе тужба од 250 милиони долари против владата врз основа на тоа дека е одбила да издаде дозвола за ископување.

Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови при Светската банка сепак пресуди во корист на Салвадор и ја задолжи компанијата да и плати на државата 8 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП