19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамбоџа го забрани извозот на мајчино млеко во САД

Камбоџа го забрани извозот на мајчино млеко во САД

Камбоџа го забрани извозот на мајчино млеко по згрозувањата на меѓународната јавност од веста дека млекото се извезувало во САД.

„Камбоџа не е толку сиромашна за да мора да го продава мајчиното млеко“, изјави државниот секретар Н’гор Хонг Ли, пренесе агенцијата DPA.

Сторијата во декември минатата година ја објави дневниот весник на англиски јазик The Phnom Penh Post. Новинарите дознале дека лабораторијата „Ambrosia“ во американската сојузна држава Јута го пастеризирала и го продавала замрзнатото мајчино млеко од Камбоџа.

Десет пакувања од по 140 грама може да се купат на интернет за 195 американски долари, а шеесет за 980 долари, се наведува на интернет страницата на компанијата. Камбоџанките, пак, за млекото добивале дневница од седум до десет долари, пишуваше The Phnom Penh Post.

Американскиот магазин Men’s Health објави во 2015 година дека и бодибилдерите го консумираат мајчиното млеко како „суперхрана“ богата со калории и други корисни состојки,

Американската управа за храна и лекови нема посебни закони за трговијата, но таа легална во САД каде што се активни непрофитни банки за донирање коишто го собираат мајчиното млеко на болничките неонатолошки одделенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП