1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрански компании имаат интерес за нафтени сондажи во Грција

Странски компании имаат интерес за нафтени сондажи во Грција

Неколку странски компании се заинтересирани за учество во истражувања за откривање на јаглеводороди во различни области на Грција. Тоа се енергетските гиганти „Тотал“, „Шел“, „Репсол“, „Дана Петролеум“, „ИНА“ и „Хант“, кои во моментов преговараат со грчката „Хеленик петролеум“.

На енергетскиот форум во Атина беше објавена дека „Хеленик петролеум“ преговара со вкупно 25 компании за учество во студии за јаглеводороди во Грција.

Областите кои претставуваат интерес за дупчење, се околу полуостровот Пелопонез, во Јонското Море, во близина на островот Крф и крај островот Крит.

Неодамна властите во Грција дале дозвола за петто по ред нов дупчење во реонот на Принос во близина на градот Кавала во северниот дел на земјата, каде активна е компанијата „Енерџин“, која има инвестирано досега над 300 милиони долари.

Целта на предметната компанија е оваа година нејзиното производство да надмине 1,3 милиони барели колку биле произведени во минатата година. Потврдените наоѓалишта во реонот на Принос се проценуваат на 41 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП