3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 корисни совети како да ја победите нервозата и лошиот ден

7 корисни совети како да ја победите нервозата и лошиот ден

Лошите работи секогаш е најдобро да ги поделите со некој…

Сите имаме лоши денови, но тука се и работите кои треба да ги запомните токму тогаш. Прифатете ги овие 7 совети за да го поправите расположението во таквите ситуации.

1. Исфрлете се од себе

Таквите работи секогаш е подобро да ги споделите со некој. Родителите, пријателите или партнерот ќе послужат како одлична терапија. Тоа е подобро од задржувањето на проблемите во себе.

2. Омилената серија или филм

Една од добрите работи во таквите ситуации вклучува да седнете, да се опуштите и да ја погледнете својата омилена серија или филм, па дури и по стоти пат.

3. Излегување со пријателите

Кога ќе настапат такви денови, барајте ги луѓето кои ќе измамат насмевка на вашето лице. Завртете го нивниот број, тие се идеални за зголемување на расположението.

4. Прегратка со партнерот

Научно е докажано дека прегратката има терапевтско дејство, особено од личноста која ви е драга. Проблемите сигурно нема да исчезнат, но барем ќе ви станат полесни.

5. Уживање во забранетото задоволство

Секој од нас има едно или повеќе такви задоволства. Тоа може да биде чоколадото за време на диетата или новата облека за време на штедењето. Кога ќе дојде лошото време, се е дозволено.

6. Танцување

Пуштете си ја омилената песна и танцувајте. Кога танцуваме нашето тело произведува повеќе ендорфин, хормонот за среќа.

7. Размазете се

Топла купка, маникир, педикир, масажа… Тешко е во таквите ситуации да се чувствувате добро во својата кожа, па на овој начин тоа сигурно ќе се подобри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП