18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПравата на Европејците и вкупниот буџет – што ќе побара ЕУ од...

Правата на Европејците и вкупниот буџет – што ќе побара ЕУ од Британија!?

Преговорите за развод на Лондон и Европа ќе започнат во текот на следните недели, откако во средата премиерот Тереза ​​Меј и формално ја отпочнува постапката. Тие ќе траат точно две години, по што Велика Британија треба да излезе од ЕУ, без разлика дали двете страни постигнале договор за условите.

Во четвртокот европските медиуми ги цитираат изјавите на главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние, од кои може да се констатира дека ЕУ од Обединетото Кралство ќе ги побара следниве услови:

– Зачувување на долгорочните права на Европејците во Велика Британија, кое за Брисел се “апсолутен приоритет”.

Преговорите за оваа точка ќе траат неколку месеци, а погодени ќе бидат 4,5 милион европски граѓани на Островот и Британци во Европа.

– Втората важна тема е како Велика Британија да го напушти општиот буџет.

ЕУ ќе сака земјата да ги плати сите износи кои таа веќе ги ветила. Барние ќе инсистираа на тоа дека Лондон нема да плати “ниту едно евро” повеќе од она што таа го ветила за буџетот на Унијата.

Неодамна комисијата за финансиските прашања на Горниот дом на британскиот Парламент објави во својот извештај дека во отсуство на договор, Лондон може да замине, без да ја плати евентуална сметка, побарана од Европската комисија (ЕК).

-Третиот приоритет се новите граници на Унијата, кои за Брисел се особено важни и тоа посебно се однесува на Ирска – единственото место каде што Велика Британија и Унијата ќе имаат копнена граница.

Властите во Ирска и Северна Ирска инсистираат на слободното движење. Сепак останува прашање како ќе се случи тоа, бидејќи во практика по Брегзит таа ќе стане надворешна граница на Унијата.

– Тешки последици ќе настанат ако Велика Британија ја напушти Заедницата без да има склучено договор за напуштање. ЕУ не сака “Брегзит без договор”, ЕУ сака договор за развод. “Брегзит без договор” ќе значи пример, дека на 30 март 2019 година Велика Британија автоматски почнува да тргува со ЕУ под условите на Меѓународната трговска организација, наместо како член на заедничкиот пазар. Барние истакна дека ваквиот развој ќе го отежни движењето од и до земјата.

– Прво развод, потоа преговори за идните односи со Велика Британија. Европски претставници неколкупати се изјавуваа дека нема да се согласат на паралелни дискусии на двете теми. Велика Британија беше предупредена да не започнува преговори за потенцијални трговски договори со трети земји, пред да ја напушти ЕУ, бидејќи со тоа би се прекршило европското право.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП