11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуските избори за ЕУ се егзистенцијални

Француските избори за ЕУ се егзистенцијални

Брисел е длабоко загрижен за француските претседателски избори, пишува во четвртокот весникот Politico.

Ако евроскептикот, Марин Ле Пен победи во вториот круг на изборите закажани за 7 мај, тоа ќе претставува закана на целиот европски проект. Тогаш, сценариото со Брегзитот на Велика Британија ќе изгледа како прошетка низ паркот.

За време на неодамнешниот дебата Ле Пен посочи дека Франција треба да биде „вистинска држава”, а не „обичен регион на Европската унија”.

Неодамна таа повторно прокоментира дека би сакала да се одржи референдум за членството на земјата во ЕУ.

Исто така, Ле Пен истакна дека Франција треба да ја напушти еврозоната и Шенген за да ја воспостави контрола врз границите и да ја врати француската валута.

Сепак, ова е некомпатибилно со членство во ЕУ.

„Нема правен начин да се напушти еврото и Шенген и да се остане во ЕУ”, истакна службеник од Комисијата.

Во случај Ле Пен да ја добие функцијата на шеф на државата, за прв пат од основањето на Унијата евроскептик ќе се смести во Елисејската палата.

Повеќето од анкетите покажуваат дека Ле Пен ќе го мине првиот круг, но во вториот ќе загуби од поранешниот министер за економија Емануел Макрон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП