5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧудната причина поради која Сингапур е најскап град во светот

Чудната причина поради која Сингапур е најскап град во светот

„Economist’s Intelligence Unit“ неодамна го објави рангирањето на најскапите градови во светот, а уште еднаш Сингапур е на врвот.

Истражувањето кое ги споредува цените на 160 стоки и услуги во 133 градови, утврди дека во Сингапур е за 20% поскапо отколку во Њујорк, и за 5% поскапо отколку Хонг Конг, кој го зазема второто место во ранглистата.

Основниот елемент кој го одредува Сингапур како најскапиот град на планетата, според „Straits Times“, е цената на тоа да поседуваш автомобил кој е исклучително висока.

Според „Expatistan.com“ кој ги базира своите податоци на 4.867 цени поднесени од 1.026 различни корисници, трошоците за поседување на новиот „Volkswagen Golf“ во Сингапур се од еквивалент на над 90.000 долари. За споредба, овој автомобил модел обично се продава за околу 20.000 долари во САД.

Во својот пост „CityLab“ објаснува што стои зад нездраво високите трошоци за експлоатација на автомобил во островот град-држава. Тоа главно се сведува на различните такси и даноци кои Владата ги наметнува на сопствениците на автомобили, во обид да се ограничи сообраќајот и загадувањето, бидејќи градот е преполн.

Овој систем води до тоа дека само околу 15% од населението на Сингапур да поседува автомобил. Така малиот остров се задржува како една од најзелените, ако не и најголемиот зелен регион во Азија.

Еден автомобил во Сингапур се оданочува најмалку на 100 проценти од нејзината пазарна вредност, а постои и сертификат за право, чија цена е подвижна, во зависност од побарувачката.

Додека во 2008-ма година „Toyota Corolla“, купена во Сингапур, би ве чинела околу 48.000 долари, денес цената на овој автомобил е поблиску до 96.000 долари.

Желбата на жителите на градот-држава да имаат пристап до т.н. „5 Cs“ – автомобил, стан, пари, кредитни картички и пристап до кантри клуб, доведе до незадоволство и дури до протести, потсетува „Money.com“.

Еве и некои од другите трошоци кои ги плаќаат жителите на Сингапур, а не сите изгледаат толку високи, според „Expatistan“:

Месечно изнајмување на имот од 900 м2 во модерен кварт: 1.900 долари

Вечера за двајца во блиските установи: 40 долари

Ручек: 9 долари

40-инчен телевизор со рамен екран: 489 долари

Паста за заби: 2.58 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП