
Таблетите го освојуваат светот, барем според податоците кои ги направи компанијата за истражување на пазарот „IDC“.


Таблетите го освојуваат светот, барем според податоците кои ги направи компанијата за истражување на пазарот „IDC“.
Во првиот квартал од 2013-та година испораката на таблети двојно се зголемила во однос на минатата година.
На чело и натаму е „iPad“ кој во првите три месеци е продаден во 19.5 милиони примероци. Додека и другите производители како што се „Samsung“, „Asus“, „Microsoft“ или „Amazon“ исто така забележаа раст, а најголем скок бележат азиските производители на евтини таблети.
Евтините „no-name“ таблети од кои поголемиот дел се темелат на оперативниот систем „Android“, имаат 7 инчни екрани и работата на процесорите на азиските компании „Rockchip“ или „Allwinner Technology“.
Скоро една третина од светската продажба на таблети отпадна токму на безимените и евтини таблети, а тоа изнесува 15.5 милиони уреди за само три месеци.
Благодарејќи токму на тие таблети „Android“ успеа да го превземе приматот на „iPad“ во првиот квартал во 2013-та година. Дури 56.5 проценти од испорачаните таблети користат „Android“, додека 39.6 проценти му припаѓаат на „iPad“.
„Microsoft Windows 8“ и „Windows RT“ држат „ситни“ 3.7 проценти од вкупно испорачаните таблети.