17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAmazon освојува нови пазари, го купи Souq.com

Amazon освојува нови пазари, го купи Souq.com

Amazon, американскиот гигант во трговијата преку интернет, постигна договор за купување на Souq.com, најголемата онлајн продавница на Блискиот исток, објавија двете компании во заедничкото соопштение.

Како што пренесува агенцијата Франс прес, во соопштението не се изнесени финансиските детали.

Во соопштението се наведува дека преземањето ќе биде објавено во текот на 2017 година, пренесува Франс прес.

Купувањето на „Souq.com“ претставува влез на Amazon на пазарот на Блискиот исток.

Претходно во понеделникот, „Emaar Malls“, компанија која се занимава со недвижнини објави дека дала понуда од 800 милиони долари за купување на „Souq.com“.

Првата понуда на Amazon изнесувала 650 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП