10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најдобрите земји во светот за започнување на бизнис?

Кои се најдобрите земји во светот за започнување на бизнис?

Земјите од Централна и Северна Европа доминираат во глобалиот рејтинг на најдобрите места за започнување на бизнис, иако тоj е предводен од држава во Централна Америка. Македонија ја нема во претставените 80 земји.

Индексот e составен од универзитетот Вартон и компанијата за истражување на пазарот „Y & R“, а проценетите 80 држави колективно даваат 95% од глобалниот бруто домашен производ, пишува „Business Insider“.

За составување на целокупниот индекс за „најдобрите држави“ се земени во предвид широк спектар на фактори, вклучувајќи претприемништво, наследство, квалитет на животот и отвореност за бизнис. Подиндексот „отвореност за бизнис“ зема во предвид фактори како трошоци за производство, ниво на бирократија, даночна средина, транспарентност на практиките за управување и ниво на корупцијата.

Еве кои девет земји ги заземаат првите места на листата:

9. Норвешка

Како и многу од скандинавските држави, Норвешка има една од највисоките стапки во светот, а општото даночно бреме е околу 40-45% од БДП-то и ги финансира нејзините сериозни социјални политики.

Иако големото даночно бреме не се поврзува со привлекувањето на бизнисот, транспарентноста и недостатокот на корупција во земјата ја стават на деветтото место според индексот.

8. Нов Зеланд

Нов Зеланд има многу силна туристичка индустрија и многу силен извоз, особено во областа на земјоделството. Слично на Норвешка, таа добива висока оценка по индексот „отвореност за бизнис“, благодарение на проѕирните менаџерски практики и недостатокот на корупција.

7. Канада

Канада е единствената северноамериканска држава во рангирањето. Со БДП од 41.000 евра на човек, високотехнолошкото индустриско општество се искористи за високиот стандард на живот и квалификуваната работна сила. Секторот на услугите е најголемиот мотор за економијата на Канада.

6. Шведска

Слично на Норвешка, Шведска управува со систем од капитализам со слободен пазар, во комбинација со силна социјална држава. Иако нејзината даночна средина не е толку поволна, како и на другите држави, таа добива висока оценка за транспарентното управување и во голема мера е ослободена од корупција.

5. Финска

Следејќи го истиот „скандинавски модел“, како Норвешка и Шведска, земјата ја добива највисоката оценка во индексот за транспарентно управување и демонстрира многу ниско ниво на корупција. Финска е на петтото место во подиндексот за „отвореност за бизнис“ и е на седмото место во светот по „квалитет на живот“.

4. Данска

Нордиската држава продолжува да доминира на листата. Таа има ниски нивоа на корупција, високо ниво на транспарентност, високо квалификувана работна рака, просечен БДП на човек од 45.700 долари, а главниот град Копенхаген е индустриски и финансиски центар.

3. Швајцарија

Федералната држава одамна се смета за силно атрактивно место за живот и работа. Таа има многу конкурентна даночна средина, транспарентно управување и ниско ниво на корупција. Таа присуствуваше на предно место и во целокупниот индекс за најдобра земја во светот.

2. Луксембург

Малата држава во Западна Европа често е дефинирана како „даночен рај“ поради огромните даночни олеснувања, кои им се нудат на луѓето. Ова значи дека земјата има една од најконкурентните даночни режими во светот, како и вообичаените бенефиции на добро развиена европска економија.

1. Панама

Земјата, која ги поврзува Костарика и Јужна Америка, е единствената Централноамериканска држава во рангирањето. Таа исто така е позната како „даночен рај“ и добива максимална оценка 10 за поволната даночна средина, иако е значително по корумпирана од сите други во листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП