3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците им удоволија на кредиторите: Помалку средства за пензиите

Грците им удоволија на кредиторите: Помалку средства за пензиите

Грција постигна договор со кредиторите за клучните реформи на пазарот на труд, намалување на потрошувачката и енергетските прашања.

Со тоа им се приближува на прелиминарните договори во пресрет на собирот на министрите за финансии на еврозоната на 7-ми април, тврдат неименувани извори запознаени со преговорите.

Грција ќе ги намали трошоците за пензии за еден процент од бруто домашниот производ (БДП) во 2019 година, велат два извори за Ројтерс.

Исто таа е договорено да се намали и прагот за доход кон не се оданочува на 6.000 евра, со цел да се заштеди дополнителен 1 процент од БДП, изјави еден извор за Европската унија.

Кога станува збор за реформите во работното законодавство, од Грција нема да се бара дополнително поедноставување на масовното отпуштање, додека колективните договори повторно ќе оживеат по истекот на актуелната програма за помош на Грција во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП