21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на Волстрит и на европските берзи забележаа раст

Акциите на Волстрит и на европските берзи забележаа раст

Акциите на европските берзи во среда пораснаа, втор ден по ред, бидејќи на пазарите стивна разочарувањето од неуспехот на американскиот претседател Доналд Трамп да го замени законот Обамакер со нов закон за здравствено осигурување, а во фокусот на инвеститорите е и официјалниот старт на Brexit.

Лондонски FTSE индексот зајакна 0,41 отсто, на 7.373 бодови, додека франкфуртски DAX порасна 0,44 отсто, на 12.203 поени, а париски CAC 0,45 отсто, на 5.069 бодови.

Позитивно на пазарот влијаеше и растот на цените на акциите на Волстрит и прекинот на осумдневниот пад на Dow Jones индексот бидејќи на најголемата светска берза позитивно влијаеја макроекономските податоци кои упатуваат на забрзан раст на американската економија.

Позитивно на берзите влијаеше и закрепнувањето на цените на нафтата, откако на почетокот на неделата потонаа на најниските нивоа во изминатите четири месеци.

И на азиските берзи цените на акциите паднаа, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 10 часот бил во плус 0,2 отсто.

На Токиската берза, пак, индексот Nikkei зајакна 0,1 отсто, на 19.217 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП