30 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАHафтата се задржаа над 51 долар

Hафтата се задржаа над 51 долар

Цените на нафтата се задржаа во среда над 51 американски долар (УСД), поддржани со пречките во снабдувањето од Либија и очекувањата дека водечките производители на чело со ОПЕК ќе продолжат да го намалуваат производството и во втората половина на годината.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непромената во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,58 УСД. Значителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше по цена од 48,58 УСД.

Одвоено ОПЕК на својата интернет страница објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во вторник изнесувала 48,84 УСД, што значи дека пораснала 59 центи во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП