17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOд Brexit полза очекува Австралиската месна индустрија

Oд Brexit полза очекува Австралиската месна индустрија

Австралиската месна индустрија, по почетокот на преговорите за излез на Британија од Европската унија (ЕУ) во среда, очекува дека ќе го поттикне својот извоз додека Лондон се подготвува за макотрпна работа за склопување на договори за слободна трговија со државите ширум светот.

Политичарите кои навиваа за Brexit, ветуваа пред минатогодишниот референдум, дека британскиот излез од ЕУ ќе овозможи склучување на редица трговски договори ширум светот, ослободувајќи ги, како што тврдеа, од „прангите на квотите на ЕУ“ и ќе овозможат склучување на подобри договори за Велика Британија.

Сега се подготвуваат за двегодишните преговори за одвојување што би можело да заврши со целосна отсеченост на Британија од големиот европски слободен трговски блок и едвај чекаат да започнат со работа на договори со другите земји.

Тоа, забележува Џош Андерсон од истражувачката група во месната индустрија Meat & Livestock (MLA), би можело да претставува голема полза за австралиската месна индустрија, а кризата со расипаното месо од Бразил уште повеќе придонесува за тоа.

„Brexit и отвора на Австралија единствена можност да ги подобри своите трговски односи со Велика Британија“, рече Андерсон.

Австралија и Велика Британија ќе мораат да ги редефинираат своите трговски односи надвор од ЕУ, а Канбера веднаш по британскиот референдум рече дека сака договор за слободна трговија со Лондон.

Најголеми купци на австралиското говедско се Јапонија, САД, Јужна Кореја и Кина, додека Европа заостанува заради квотите и данокот што го ограничуваат увозот. Продажбата на говедско и овчо месо во ЕУ сочинува само два отсто од вкупниот австралиски извоз, а во 2015 повеќе од половината бил насочен во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП