19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради изведување градежни работи, времен прекин на сообраќајот кај Мелнички Мост-Дебар

Поради изведување градежни работи, времен прекин на сообраќајот кај Мелнички Мост-Дебар

На патниот правец Р1202 Мелнички Мост – Дебар поради изведување градежни работи на пат, асфалтирање, во четврток и петок сообраќајот ке биде во прекин од 13 до 16 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП