17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве блок трансакции со акциите на Нова Стоковна куќа Струмица

Две блок трансакции со акциите на Нова Стоковна куќа Струмица

Денешниот трговски ден започна со две последователни блок трансакции со вкупно истргувани 143 акции на Нова Стоковна куќа Струмица по просечна цена од 92.250 денари. Поточно преку нив беше остварен промет од 13.191.750 денари, односно учество од повеќе од половина, 59,66 проценти, во вкупниот промет на денот од 22.111.126,00 денари.

Обврзниците за денационализација од петнаесеттата емисија РМДЕН15 денот го завршија со фантастичен промет од 4,3 милиони денари и истргувана количина од 73.500 лотови, што придонесе за раст на индексот ОМБ за 0,44 проценти, и заврши на нова вредност од 130,27 индексни поени.

По нив на листата по промет следеа акциите на Алкалоид АД Скопје со околу еден милион денари и Комерцијална Банка АД Скопје со промет од 747.600 денари.

Дневната листа на добитници ја предводеше акцијата на Пекабеско АД кадино, Илинден со раст на вредноста од (+12,7) проценти, а зад неа акцијата на Бетон Скопје со раст на вредноста од (+7,15) проценти.

Наспроти неа, најголем губитник со истргувани 12 акции по просечна цена од 300 денари, што придонесе до пад на вредноста за -80 проценти беше акцијата на 29 Ноември Скопје.

МБИ-10 забележа благ пад од -0,03 отсто и заврши на 2.256,86 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП