13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Праведни преговори“ за Лондон - ветува Меркел

„Праведни преговори“ за Лондон – ветува Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел во средата на британската влада и ветила „праведни и конструктивни“ преговори, надевајќи се дека ЕУ и Велика Британија ќе останат партнери, особено поради бројните европски граѓани кои живеат во оваа земја, пренесуваат светските агенции.

Британската премиерка Тереза Меј во средата потврди дека Обединетото Кралство, по повеќе од 40 години во Унијата, ја започна процедурата за излез од ЕУ, оценувајќи дека се работи за историски момент и голем пресврт „од кој нема враќање“.

„Ние како ЕУ ќе ги водиме преговорите кои се пред нас, праведно и конструктивно. Се надевам дека истото ќе го направи и Велика Британија“, рекла Меркел, отфрлајќи ги барањата на Меј за паралелни преговори за излегувањето од ЕУ и идните односи со Унијата.

„Прво ќе мораме да се договориме околу тоа како ќе ја одделиме тесната поврзаност помеѓу Велика Британија и Унијата. Дури кога тоа прашање е решено, а се надевам дека тоа ќе биде наскоро, ќе можеме да преговараме за нашите идни односи“, рекла германската канцеларка, додавајќи дека е „загиржена за европските граѓани кои живеат во Велика Британија“.

„Излегувањето на Велика Британија од ЕУ за многумина граѓани на ЕУ е поврзана со грижите за сопствената иднина. Затоа сакам Велика Британија и ЕУ да останат блиски партнери“, рекла Меркел, алудирајќи и на 320-те илјади германски државјани во Велика Британија, за кои Brexit „не смее да преставува ускратување на правата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП