26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд: Brexit ќе биде болен за Британците

Оланд: Brexit ќе биде болен за Британците

Францускиот претседател Франсоа Оланд оценил во средата дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе биде болен процес за Британците, пренесуваат светските агенции.

„Мислам дека Brexit ќе биде болен процес за Британците“, рекол Оланд, кој се наоѓа во посета на Индонезија додавајќи дека таа процедура ќе „навести оти Европа треба уште да оди напред, веројатно во различни брзини, како што било отсекогаш“.

Оланд го оценил Brexit како „неповратен“ процес, додавајќи дека тој не би требало да трае повеќе од две години.

„Тоа ќе заврши со трговски договор помеѓу Велика Британија и Европа. Сакаме тоа да биде најдобриот можен договор и за Европа и за Велика Британија“, рекол францускиот претседател.

Според него, иако Brexit е „сентиментално болен“ за Европа, тој ќе биде „економски болен за Британците“, бидејќи некои компании веќе почнале да се префрлаат во Франција.

Велика Британија во средата, девет месеци по гласањето за Brexit, го покрена историскиот процес за излегувањето на земјата од ЕУ, во која влезе пред 44 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП