Хрватската авио-компанија Croatia Airlines и денеска откажа извесен број летови заради ненајдено масовниот број боледувања на кабински персонал.
Членот на Управата на компанијата најави истрага за оправданоста на болдувањата, но и за лекарите кои ги одобриле тие боледувања.
Проблемите во сообраќајот на авиопревозникот почнаа вчера, а продолжија и денеска. Од Croatia Airlines порачаа дека се извинуваат заради евентуалните неудобности предизвикани од откажувањето летови и им се заблагодарија на патниците за разбирањето. Според вчерашните информации, боледување пријавиле 39 стујардеси и стујарди што е речиси 25 отсто од кадарот.