САД и Кина продолжуваат да бидат двата главни трговски партнери на Европската унија и во 2016-та година, покажуваат последните податоци за трговијата на Унијата, објавени од страна на „Еуростат“.
Трговијата на ЕУ со САД изнесува 610 милијарди евра од вкупната трговија на стоки на ЕУ, а со Кина од 515 милијарди евра.
Двете земји сериозно ги надминуваат следните главни трговски партнери на Унијата. На трето место се наоѓа Швајцарија (264 милијарди евра, или 7,6%). И покрај санкциите кои ЕУ ги наложи на Русија поради анексијата на Крим, земјата продолжува да е силен трговски партнер, заземајќи ја 4-та позиција со трговија на стоки за 191 милијарди евра. На петтото место пак се рангираше Турција со 145 милијарди евра.
Според „Еуростат“, сепак трендовите забележани во последните години, се многу различни за водечките трговски партнери на ЕУ. По значителен и речиси континуиран пад до 2011-та година процентот на САД во вкупната трговија на стоки на ЕУ почна да се зголемува повторно, достигнувајќи речиси 18 проценти удел во минатата година.
Уделот на Кина пак речиси е тројно зголемен наспроти 2000-та година, пораст од 5,5% до 14,9% во 2016-та година. Токму поради санкциите против Русија нејзиниот удел во вкупната трговија на ЕУ е намален речиси за половина до 5,5% во 2016-та година. И покрај недостатокот на слични мерки против Јапонија сепак во нејзините трговски односи со ЕУ се забележува сличен тренд од 2000-та година до 3,6% во 2016-та година.
Во однос на Швајцарија и Турција работите остануваат релативно стабилни во периодот од 2000-та година.
Најтргуваните категории стоки во минатата година биле машинската и транспортната опрема, други производствени стоки и хемикалии.
За повеќето земји членки на ЕУ главен партнер за извоз на стоки во 2016-та година била друга земја-членка. Исклучок прават Германија, Ирска, Малта и Велика Британија (САД е прв партнер), како и Литванија (Русија).
Во некои земји членки над една четвртина од извозот бил насочен кон еден партнер. Овој партнер е Германија за Чешка (32% од извозот на стоки), Австрија (30%), Унгарија (28%) и Полска (27%). За Малта (27%) и Ирска (26%) тоа се САД, а за Португалија (26%) е Шпанија.
Германија била главната крајна дестинација за извоз на стоки на 16 земји членки и меѓу топ 3 на 22 земји од ЕУ.
Од извозот на стоки за вкупно 4,85 илјади милијарди евра на ЕУ во 2016-та година, 3,11 илјада милијарди евра (64%) биле насочени кон друга земја-членка. Лидер во оваа смисла се Словачка (85% од вкупниот извоз е во ЕУ), Чешка (84%) и Луксембург (83), а на другиот крај на листата е Малта само со 39%.
Што се однесува до увозот, главен партнер за увоз на стоки во 2016-та година била друга земја-членка на ЕУ за сите земји освен Литванија, чиј главен увозник била Русија.
Во седум земји членки над 25% од увозот е дојден од една страна: за Австрија тоа е Германија (43%), за Португалија е Шпанија (33%), а за Чешка е Германија (31%).
Генерално Германија повторно е меѓу првите три на земјите увознички во сите земји членки на ЕУ освен Ирска и Малта.
Над три четвртини од целиот увоз на стоки од други земји членки на ЕУ како на водечките места се Естонија (82%), Летонија (91%) и Словачка (80%).