23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Америка жените заработуваат помалку од мажите

Во Америка жените заработуваат помалку од мажите

zheni-mazhi

Жените во Соединетите Американски држави заработуваат во просек за 25 проценти помалку од мажите.

Просечната бруто плата на еден маж во Америка на месечното ниво надминува четири илјади долари, додека жената заработува околу три илјади долари, покажува истражувањето на невладината организација Национална заедница за жени и семејство.

Разликата во примањата варира од држава до држава, така што најмала е во Вермонт каде на секој долар заработка на мажот, жената заработува 87 центи. На дното на листата е Вајоминг во кој жената заработува 67 центи во однос на еден долар заработен од страна на мажите. Слична е ситуацијата и во Луизијана и Јута.

Американскиот конгрес уште во 1963 година усвои закон за еднакви плати меѓу мажите и жените и забрани дискриминација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП