2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо просек германците даваат 26.000 евра за возило

Во просек германците даваат 26.000 евра за возило

 

kaffash20121002163832993

Како што можевте досега да слушнете, Германците само накратко погледнаа во насока на кризата и продолжија да купуваат нови автомобили во минатата година, додека во соседна Франција и Италија овој тренд падна на ново најниско ниво. Не само што пазарот во Германија е многу силен поради волуменот, тука е и многу профитабилен.

Според „CAR-Center“ студијата на Универзитетот во „Duisburg-Essen“, Германците купиле 3.08 милиони автомобили во минатата година кои чинат во просек околу 26.000 евра.

Како што и се очекуваше домашните брендови се најзастапени во погледот на волуменот и профитабилноста, иако имаше и некои одредени неочекувани изненадувања. На пример,„Hyundai“ и „Kia“ просечно заработиле по 1.183 евра од автомобил, додека „Nissan“ е далеку зад нив со 890 евра по возило. Потоа следуваат „VW“ и „Toyota“ со 751 евра и 707 евра профит по продаден автомобил, додека подобри од нив се „Ford“ и „GM“ со 834 евра и 967 евра.

Купувачите кои имале желба да купат „Mercedes“ плаќале двојно повеќе од просечната цена, односно 42.000 евра по автомобил со што производителот од Штутгарт заработувал по 3.032 евра од продаден примерок.

„Audi“ и „BMW“ заработувале повеќе од тоа за едно продадено возило, односно 3.721 евра во фабриката во Инглоштад, пак нивниот конкурент од Минхен по 4.132 евра. Француските производители навистина загубија многу пари во текот на 2012-та година, каде што секој германски купувач го чинело „Renault“ заработка од 241 евра, а пак „PSA Peugeot Citroen“ дури 501.

Меѓутоа како по обичај најпрофитабилен беше „Porsche“. Тој оствари фантастични 17.053 евра за секој продаден автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП