17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорен заеднички проект на Лондон и Париз за развој на ракети со...

Договорен заеднички проект на Лондон и Париз за развој на ракети со долг дострел

Велика Британија и Франција во вторникот потпишале договор за развој на ново поколение ракети со долг дострел за своите поморски и воздухопловни сили во Лондон.

Според извори од француското министерство за одбрана, двете држави ќе учествуваат во проектот со по 50 милиони евра, односно 54 милиони американски долари, пренесува агенцијата DPA.

Според договорот, европскиот произведувач на ракети MBDA ќе почне да го развива овој вид оружје во концептуална фаза која ќе трае до три години. Новите проектили би требало да бидат оперативни до 2030-те години,

Овие две нуклеарни сили во 2010 година договорија тесна соработка во областа на одбраната, која треба да продолжи и покрај одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија. Од референдумот ланскиот јуни, француската и британската влада во повеќе наврати повторуваа дека тоа нема да има влијание врз нивната соработка во одбранбената сфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП