4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЧарлс Дикенс: Како да го промените својот живот

Чарлс Дикенс: Како да го промените својот живот

Чарлс Дикенс е еден од најистакнатите светски писатели и мудреци. Тој бил познат како човек кој животот го гледал од малку поинаков агол за разлика од „обичните“ луѓе. Бил човек кој знаел на своите пријатели да им упати навистина добар совет.

Овие неколку реченици претставуваат совет за секој кој сака да помине богат и исполнет живот…

1. Визуелизирајте како во моментов изгледа вашиот живот? Какво е вашето здравје? На кое ниво е вашата енергија и мотивација?

2. Сега замислите како ќе изгледа вашиот живот за пет години доколку ништо не промените. Некои работи сепак се промениле. Вие сте се промениле. Која е цената која ќе ја платите во сите области од вашиот живот доколку вака продолжите? Вреди ли вашиот живот за таа цена?

3. Сега замислете дека сте уште пет години постари, а ништо не сте промениле. Како изгледа вашиот живот?

4. Поминале уште 5 години, 15 години од денешниот ден. Почувствувајте како се чувствувате, што гледате, како се гледате во огледалото? Што зборуваат луѓето за вас? Целосно влезете во тоа чувство и останете во иднината некое време. Дали тоа е иднината каква што ви е ја посакувате?

5. Сега замислете дека сето тоа било сон и вратете се во сегашноста. Кои се работите кои сакате да ги оставите онакви какви што се, а кои сакате да ги промените?

6. Замислете како ќе изгледа иднината доколку навистина се движите кон саканата промена?

7. Донесете одлука што ќе направите уште денес за тоа да ве однесе кон тој пат. Направете план и активирајте се!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП