9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерово и Малешевијата преполни со туристи за празниците

Берово и Малешевијата преполни со туристи за празниците

aurora

Туристичките капацитети во Берово и Малешевијата се исполнети до последното место. Слободни места има само во викендиците на Абланица и покрај Беровското езеро.

Покрај традиционалните домашни, голем број гости се дојдени од Турција, од Србија и од Бугарија.

Во соседно Пехчево најмасовно се посетени локалитетите Равна Река, Спиково и Пехчевските водопади.

По повод велигденските празници, Општините Берово и Пехчево организиираат повеке пригодни манифестации: Велигденска изложба на домашни ракотворби, резби и икони, избор на најдобро украсено велигденско јајце и спортски натпревари во повеќе дисциплни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП