2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРахој ветува инфраструктурни инвестиции во Каталонија со цел да ги смири тензиите

Рахој ветува инфраструктурни инвестиции во Каталонија со цел да ги смири тензиите

Шпанскиот премиер Маријано Рахој вети во вторникот во Барселона големи инфраструктурни инвестиции во Каталонија настојувајќи да ги ублажи тензиите во оваа североисточна покраина, и да ги одврати поборниците за независност од организирање референдум најавен за оваа година.

Челникот на Народната партија од десниот центар, Маријано Рахој, кој е на власт од 2011 година, истакна дека економското заздравување ќе овозможи инвестиции во железницата и патиштата во Каталонија.

„Државата ќе издвои вкупно 4,2 милијарди евра за каталонската инфраструктура до 2020 година“, изјави премиерот поред деловните личности во покраината на конференција посветена на инфраструктурата.

Наведе дека три патни краци во Каталонија, дел од автопатот крај брегот на Средоземното Море ќе бидат довршени до 2020 година. Патот би требало да поврзува девет пристаништа и единаесет аеродроми,

Каталонија е една од најразвиените покраини којашто учествува со 25 отсто во бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија, а вложувањата во инфраструктурата е едно од барањата на регионалната влада. Последните денови таму е засилено присуството на централната влада којашто настојува да ги ублажи тензиите за најава на организирање на задолжителниот референдум за независност во септември годинава.

„Сакам просперитетна Каталонија во перспективна Шпанија. Барам од вас помош во борбата за умереност и разум. Да ја искористиме новата етапа на економското закрепнување за доброто на сите“, изјави Рахој пред стотици бизнисмени.

Истовремено во Мадрид министерот за економија, Луис де Гуидност изјави дека шпанската економија следните неколку години може да расте по стапка поголема од 2,5 отсто, што би ја намалило невработеноста.

„Работите коишто функционираат би било погрешно да се чепкаат…. Шпанија без проблеми може во следните две, три или четири години да има стапка на раст над 2,5 отсто. Стапката на невработеност ќе биде под 17 отсто на крајот од оваа година“, изјави де Гуиндос.

Меѓутоа, каталонскиот претседател Карлес Пугдмонт, кој е службен пат во САД, не верува во ветувањата на Рахој и рече дека тие не претставуваат никаква новина.

„Доста е ветувања кој систематски не се исполнуваат“, изјави за медиумите во Вашингтон. Пуигдемонт продолжува со подготовките за референдумот кој уставниот суд го прогласи за неуставен.

Во вторникот 30-ина млади демонстранти од антикапиталистичката партија Кандидатура на народното единство (CUP) се обидоа да го заземат седиштето на Народната партија на Рахој во Барселона. Влезот го ишараа и го облепија со свои плакати, а полицијата ги спречи да влезат во канцелариите. Тие носе транспаренти со пораките „Референдум Да или Да“ и „Самоопределувањето на се преговара“.

Пуигдемонт го осуди нападот на партиското седиште истакнувајќи дека тоа не е начин за остварување на целта, како и дека никому не смее да му се забрани да го изнесува своето мислење.

Рахој ден претходно порача дека нема да има референдум, бидејќи тој би бил противен на уставот и на правната држава., а дека самоопределувањето на народот, на кој се повикуваат поборниците на референдумот, се случило само во поранешните Советски сојуз, Југославија и Етиопија.

Според шпанскиот устав од 1978 година, референдумите се дозволени само на ниво на целата земја. Три под четирите најголеми партии во националниот парламент во Мадрид се против референдумот.

На поранешниот каталонски претседател Артуро Мас и неговите соработници, судот на неколку години им забрани вршење јавно должности, бидејќи во ноември 2014 година организираа необврзувачки референдум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП