8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсториски ден: Колку ќе мора да платат Британците за разводот со ЕУ?

Историски ден: Колку ќе мора да платат Британците за разводот со ЕУ?

Британската премиерка Тереза Меј официјално го објави излегувањето на Велика Британија од ЕУ, кое е во согласност со член 50 од Договорот од Лисабон.

Ова е историски ден – прв пат една земја најавува дека заминува од европскиот клуб, пишува во средата „Дојче Веле”.

По официјалното објавување на Брегзитот започнуваат преговорите меѓу Велика Британија и 27-те земји членки на Европска унија.

Главно прашање е: Колку Британците ќе мора да платат за развод? Веќе сега се спомнува сума од 60 милијарди евра, кои Брисел сака да ги добие од Велика Британија.

Претходно, Велика Британија секоја недела на Брисел му префрлаше 350 милиони фунти. Тоа, заговорниците за Брегзит го сметаа за расфрлање на пари. За време на кампањата за одржување на референдум за напуштање на ЕУ, тие ова го користеа како аргумент. Но, при тоа ги криеја информациите, колку пари Лондон добиваше од бриселската благајна?!

Одлуката на гласачите кои го поддржаа Брегзитот, премиерката Тереза Меј ја толкуваше на следниов начин: „Верувам дека тие јасно покажаа дека не сакаат и натаму година за година да и плаќаат огромна сума на пари за Европската унија“.

Нејзината влада, како и Горниот дом на парламентот, најмија адвокати за да го проверат правниот статус и дојдоа до заклучок, дека по повлекувањето Велика Британија повеќе нема потреба да плаќа ниту една фунта на ЕУ.

Ториевскиот пратеник Јаков Рис-Мог рече: „Ние немаме никакви законски обврски кон ЕУ“.

Брегзитот, најверојатно, ќе биде завршен до пролетта 2019 година, меѓутоа, сегашниот буџет на ЕУ го опфаќа и периодот до 2020 година.

За буџетот гласаше и Обединетото Кралство и се обврза на паричната исплата на средствата за функционирање на Унијата.

Но, тука се и платите за пензиските и социјалните додатоци на британски официјални лица кои работеа во органите и институциите на ЕУ, чии пензии Лондон, исто така треба да ги покрие.

Големиот заговорник за “Брегзит” Рис –Мог уште вели: “Ова се одлични предуслови за почеток на преговорите.”

Велика Британија, по Германија беше вториот најголем нето обврзник кон ЕУ.

Ако Лондон уплатуваше помалку пари, тогаш другите земји мораа да плаќаат многу повеќе или требаа да добијат помалку средства.

Европската унија како целина и земјите-членки поединечно, може да го тужат Лондон ако не ја плати сметката за излегување од Унијата.

Сепак, премиерката Меј многу опуштено оди во Брисел за да бара развод. Нејзините адвокати го кажаа своето во експертизата. Бароницата Кишвер Фокнер, член на Горниот дом на парламентот вели: „Тоа е дел од преговорите, но тоа ја зајакнува позицијата на британската влада“.

Сепак, Британците веројатно сакаат и по напуштањето на Европската унија, да извлечат корист од некои европски програми, како што се оние во областа на науката и истражувањето.

„Јас, исто така, по планираниот излез од внатрешниот пазар можам да си обезбедам најдобар можен пристап“, наведува министерот за внатрешни работи Ембер Руд.

„Ние мора да се бориме за најголем пристап и за тоа се чини треба да се преговара“, посочил тој.

Министерот за надворешни работи, Борис Џонсон, како модел на државник ја посочува улогата на Маргарет Тачер. Таа во 1984 година, за Британија изнуди добар попуст, односно успеа да го извлече најдоброто од изнервираните европски партнери.

„Да се ​​потсетиме на Самитот во Фонтенбло во 1984 година, кога Маргарет Тачер ги побара назад нејзините пари. Верувам дека ова е токму она што го добиваме“.

Најверојатно конфликтот за пари ќе биде тема на самитот на ЕУ закажан за на крајот од 2018 или почетокот на 2019-та, но тоа ќе се случува по цела ноќ покерска игра, се заклучува во текстот на Дојче Веле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП