7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските извозници „пукаат“ од оптимизам

Германските извозници „пукаат“ од оптимизам

Германските извозници во март биле нешто пооптимистични во споредба со минатиот месец, покажуваат резултатите од анкетата на иститутот за економски истражувања, ИФО.

Индексот на ИФО за очекувањата на извозниците порасна од февруарските 14,5 поени на 14,7 поени во март, се наведува во соопштението на Институтот.

Германските извозници и понатака не покажуваат вознемиреност поради политичката неизвесност во светот, а исто така регистрираат бенефити од моментално поволните економски околности на нивните продажни пазари.

Производителите на машини за обработка на податоци и електронска стока очекуваат значителен пораст. Компаниите од металскиот сектор исто така известија за благо подобрување на деловните изгледи, откако во последните неколку месеци искажаа не толку голем оптимизам.

И покрај незначително надолу ревидираниот показател, компаниите кои се занимаваат со машински и електро инженеринг и понатака имаат високи очекувања во поглед на извозните перспективи, се наведува во соопштението на ИФО институтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП