7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас го поставил 7-ми април како краен рок за договор со кредиторите

Ципрас го поставил 7-ми април како краен рок за договор со кредиторите

Под притисок од паѓање на економијата, грчкиот премиер Алексис Ципрас му наредил на својот тим да склучи договор со доверителите до 7-ми април, за кога е закажана седница на Еврогрупата во Малта.

Според информациите, извори тврдат дека во преговорите со институциите владата ќе повлече од речиси сите барања на доверителите и дека постигнувањето на договор со нив е прашање на денови.

„Владее агонија меѓу владејачките партии и покрај оптимистичките пораки кои доаѓаат од нив дека техничкиот договор со кредиторите ќе биде постигнат до средбата на Еврогрупата на 7-ми април”, пишува во „Нафтемборики“.

Според изданието оптимизмот доаѓал претежно од министерот за финансии Евклидис Цакалотос кој повторно дал уверување дека Атина се стреми кон забрзано завршување на вториот преглед на грчката средна програма. Тој истакна дека сите главни теми на разговорите со доверителите биле завршени и дека останувале само неколку „мали“ прашања.

„Грција се наоѓа во вонредна состојба и потреба од решение, што ќе се реши со избори“, коментира поранешниот премиер Костас Симитис.

Во интервју за телевизијата „Sky“, Симитис вели дека несогласувањата и проблемите се толку големи, дека владината партија е неспособна да се справи со нив и дека нови избори се единственото решение. Тој изразува и загриженост за можен „инцидент“, ако не дојде до договор со кредиторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП