2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците очекуваат пари од туризам

Грците очекуваат пари од туризам

grcija-turizam

Приходите од туризмот во Грција се очекува годинава да изнесуваат 11 милијарди евра, а да достигнат 18 милијарди евра во 2017 година, иако земјата загуби дел од пазарите во Германија, Велика Британија и Франција, покажуваат податоците на грчките туроператори, објави весникот „Имерисија“.

Асоцијацијата на грчките туристички агенции очекува во следните десет години секторот да се стане главен лост на економијата и неговиот удел во економскиот раст на земјата да достигне 37 отсто.

Моментално Грција губи дел од своите главни пазари. Во периодот 2007-2010 година земјата загуби околу половина милион германски туристи, 150 илјади британски и околу 100 илјади француски туристи.

Туроператорите во Атина сепак сметаат дека приходите од туризмот може да се зголемат до 18 милијарди евра во 2017 година, до 49 милијарди евра во 2021 година, додека околу 42 проценти од новите работни места во иднина да бидат од туризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП