28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛичната асистенција им овозможува на лицата со попреченост рамноправно учество во општеството

Личната асистенција им овозможува на лицата со попреченост рамноправно учество во општеството

Личната асистенција го намалува степенот на зависност од членови на семејството и му овозможува на лицето со посебни потреби подобрување на социо-емоционалниот живот.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето во рамки на проектот ,,Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” имплементиран од страна на Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп.

„Лична асистенција подразбира добивање помош и поддршка на лице со посебни потреби од некое друго лице и тоа во разни области: во текот на извршување на секојдневните потреби, следење на образовниот процес, на работно место“, се вели во извештајот.

Понатаму се додава дека преку процесот на лична асистенција на лицата со попреченост им се овозможува рамноправно учество во општеството, како и останатите граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП