21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАMej го потпиша писмото за стартување на Brexit

Mej го потпиша писмото за стартување на Brexit

Британската премиерка Тереза Меј официјално го потпиша писмото кое денеска ќе биде предадено во Брисел и со кое Велика Британија официјално ќе ги започне преговорите за Brexit, покажува фотографијата објавена од нејзиниот кабинет.

На фотографијата што ја објави „Даунинг стрит“, Тереза Меј го потпишува писмото со кое се активира членот 50 од Лисабонскиот договор и кое во среда претпладне ќе биде предадено на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Со активирањето на овој член се покренуваат двегодишните преговори за одвојување на Велика Британија од Европската унија (ЕУ).

Таа ќе ги повика Британците да се обединат во период кога земјата тргнува на „важно патување“.

Британците минатиот јуни со мнозинство гласови на референдум одлучија да излезат од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП