17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроблемите со снабдувањето и послабиот долар ја зголемија цената на нафтата

Проблемите со снабдувањето и послабиот долар ја зголемија цената на нафтата

Цените на нафтата во вторник на меѓународните пазари го поминаа нивото од 51 американски долар(УСД), поттикнати од слабиот долар и проблемите со снабдувањето од Либија.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна 55 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 51,3 УСД.

На американскиот пазар барелот нафта поскапи 50 центи на 48,23 УСД.

Пазарот беше поттикнат од послабиот долар кој го насочува вниманието на инвеститорите на сигурните пазари на стока, поевтинувајќи ја воедно нафтата за корисниците на останатите валути и со тоа поттикнувајќи ја побарувачката.

Дополнителна поддршка на цените пружи информацијата на анонимен извор во нафтената индустрија дека заради блокада на нафтените полиња во Шарара и Вафа, либиското производство е намалено за околу третина, односно околу 252 илјади барели дневно.

Значаен раст на цените спречија очекувањата дека најновите податоци од САД ќе покажат понатамошно зголемување на производството на нафта од шкрилци и со тоа ќе потсетат на тригодишниот проблем од прекумерното снабдување.

Одвоено ОПЕК на својата интернет страница објави дека цената на барелот на референтната кошничка на неговата нафта во понеделник изнесувала 48,25 УСД, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот ден од тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП