ЕКОНОМИЈА

Британците добија нова фунта на ден пред Brexit

Ден во пресрет на официјалното покренување на Brexit Британците ги изненади новата кованица на фунтата, што е пуштена во оптек, а новина е што повеќе не е заоблена, туку дванаесеткрака.

Новата кованица ќе биде меѓу најбезбедните во светот, тврди министерството за финансии и потсетува дека на секои 30 сегашни кованици, една е фалсификувана.

Новата кованица е полесна и нешто поголема од сегашната.

Ликот на кралицата Елизабета Втора е втиснат на едната страна, а на втората страна има симболи на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Околу 1,5 милијарди нови монети ќе бидат исковани во Велс, во Ројал Минт, официјалната агенција за британската валута.

Новите фунти постепено ќе стигаат во банките и продавниците во следните шест месеци.