На македонската берза денес вкупен промет од 13.886.903 денари реализирани преку 78 трансакции и истргувана количина од 7.777 лотови.
На врвот по прометот се најде акцијата на Алкалоид АД Берово со промет од околу 5,18 милиони денари и учество од 37,3 отсто во вкупниот промет. Покрај неа на листата уште три акции со одличен промет над милион денари: Гранит АД Скопје (1,9 милиони денари) , Скопски Пазар АД Скопје ( 1,8 милиони денари) и Комерцијална банка АД Скопје ( 1,7 милиони денари).
Во една блок трансакција со акциите на Скопски пазар АД Скопје во текот на денот вкупно беше истргувана количина од 130 акции по цена од 14.550,00 денари.
Највисок раст на вредноста од (+6,69 проценти) имаше акцијата на Тетекс АД Тетово со истргувани 90 акции по просечна цена од 1.100 денари.
Најголем пад на вредноста од (-2,94 отсто) со истргувани 50 акции по просечна цена од 900 денари забележа акцијата на ТТК банка АД Скопје, а по неа следеа акциите на Топлификација со пад од (-2,17 проценти) и Телеком АД со пад (-1,96 отсто).
Обврзниците за денационализација денес со незначително учество, промет од 131.981,21денар со обврзницата РМДЕМ15, што непридонесе за промена на вредноста на индексот ОМБ. Наспроти него, индексот МБИ-10 денот во црвена територија, пад од 0,24% и заврши на вредност од 2.257,52 индексни поени.