2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајголема грешка во CV

Најголема грешка во CV

greshki-cv

Што навистина би можело да биде најголема грешка која може да ја направите во вашето резиме? Неприлагодено CV во однос на огласот? Ова не е добро, но не е и најлошо.

Граматички и правописни грешки. Погрешен формат. Ситните грешки се доказ дека се брзате, дека не сте посветени доволно на задачата, работата компанијата.

Како да го спречите тоа?

 

Проверката на правописните грешки во Word не е секогаш поддржана.

Word нема секогаш да ви ја потцрта грешката со црвена боја. Алтернатива? Замолете некој член од семејството да ви ја прочита биографијата. Колку повеќе луѓе, тоа подобро.

 

Мудро бирајте зборови

Пишувањето на биографијата не е само набројување на податоци, сепак ќе треба да изберете правилни зборови. Од неа ќе биде видлив трудот кој сте го вложиле за составување. Не пробувајте во резимето да бидете духовити, избегнувајте претерани набројувања и широки описи. Немојте да користите стручни кратенки, доколку не сте сигурни дека личноста која ќе го чита вашето резиме е стручна во таа област. Држете се кон стандарден македонски јазик.

 

Испратете ја биографијата соодветно на барањето на работодавачот

Денеска резимето се праќа online. Дали ќе го пратите во Word или PDF одберете сами, но обрнете внимание на очекувањата на работодавачот. Некои фирми го наведуваат форматот и во огласот за работа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП