20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зајакнува соработката на Русија и Иран

Се зајакнува соработката на Русија и Иран

Русија и Иран ја зголемиле својата билатералната трговија за повеќе од 70 отсто од мината 2016 година, изјави во вторникот рускиот претседател Владимир Путин по разговорите со иранскиот колега по должност Хасан Роухани, а делегациите на двете земји потпишаа нови 16 договори за соработка во различни сфери.

Темите на разговорите во Кремљ беа билатералните односи со акцент на економскиот развој, вклучително и нуклеарната соработка и воени врски. Двајцата претседатела, исто така, разговарале и за глобалните прашања.

Русија има намера да помогне во изградбата на вториот и третиот ректор во иранската нуклеарната централа Бушер, изјави Путин пред новинарите. Иран е заинтересиран за купување руски хеликоптери и цивилни авиони „Superjet 100“, додаде рускиот претседател.

Путин притоа го пофали Иран поради неговата „голема улога во сирискиот мировен процес“. Русија и Иран се клучните сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад и одиграа решавачки улоги во последните 18 месеци во пресвртот на сирискиот конфликт започнат во март 2011 година во негова полза.

Шиитски Иран се гордее со тоа што интервенираше со помош од самиот почеток на војната, но токму Русија којашто со своето воено воздухопловство по барање на владата во Дамаск се вклучи од 30-ти јуни 2015 година успеа да го направи вистинскиот пресврт во полза на претседателот Асад.

Русија и Иран имаат разидување и во поглед на соработката со Турција, иако трите земји се покровители на мировните преговори кои се водат во казахстанската престолнина Астана меѓу спротиставените страни во сирискиот конфликт во кој поддржуваат различни страни и се покровители на примирјето од кое се исклучени џихадистичките групации кој започна на 30-ти декември 2016 година, Москва смета дека кончената победа над терористите зависи и од компромис со Турција, додека Техеран не е расположен за такво гледиште.

Роухани во Москва изјави дека сириските мировни преговори со посредувањето на споменатите три земји ќе продолжат во Астана, но не прецизираше кога ќе започне новиот круг од преговорите.

Во соопштението издадени по состанокот се наведува дека посебно внимание во разговорите меѓу Путин и Роухани било посветено на борбата против тероризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП