5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ја совлада Белорусија, деби на Чурлинов (видео)

Македонија ја совлада Белорусија, деби на Чурлинов (видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија, во пријателски натпревар во Скопје, ја совлада Белорусија со 3:0 (1:0). Натпреварот мина во знакот на Спировски кој го постигна првенецот во националниот дрес, двата гола на капитенот Пандев и Чурлинов кој со 16 години и осум месеци стана најмладиот дебитант во историјата на македонската репрезентација.

Добрата игра од квалификацискиот натпревар во Вадуц, против Лихтенштајн, македонските фудбалери ја пренесоа и во Скопје против Белорусија, која фудбалерите на Игор Ангеловски за Минск ја испратија со три гола.

Подобрата игра од почетокот на мечот Македонија не успеа да ја материјализира по половина час кога гредата го спречи Несторовски да постигне гол. Десет минути подоцна Спировски носи водство за „црвено-жолтите“.

Во второто полувреме на 2:0 зголеми капитенот Пандев о 61.минута, а капитенот седум минути подоцна со својот 29-ти гол во националниот тим стави точка на натпреварот.

„Го одигравме овој натпревар како да е квалификациски и заслужено победивме. Среќен сум за моите фудбалери што покажаа дека на теренот не се виде разликата од 100 места на ФИФА листата. Не ни треба еуфорија, верувам дека вака ќе продолжиме и во иднина. Среќен сум за дебито на Чурлинов, но жалам што не постигна гол, тоа ќе беше прекрасно. Ја променивме формацијата, имавме контрола на ситуацијата и реагиравме на нивната промена на системот. Наша работа е да се спротиставиме најдобро што можеме против противникот. Моите фудбалери ги спроведоа идеите на претходните пет натпревари, но сега дојдоа и резултатите. Две победи без примен гол ни нудат многу задоволство. Мораме да останеме цврсто на нозе и да бележиме уште подобро резултати“, изјави по мечот селекторот Ангеловски.

Во 83.минута во игра влезе Чурлинов, кој со 16 години и осум месец стана најмладиот дебитант. Истиот игра веднаш по влегувањето пропушти шанса да постигне гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП