8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа меѓународната вежба Allied Spirit VI учествуваше и АРМ

На меѓународната вежба Allied Spirit VI учествуваше и АРМ

Припадници на Армијата на Република Македонија од состав на полкот за специјални операции уште еднаш во најдобро светло ја презентираа својата обученост и интеробилноста со стандардите на НАТО партнерските армии на меѓународната вежба Allied Spirit VI која се одржа во период од 15 до 27 март во Хохенфелс, Германија.

Македонските „волци“ во извонредно реални вежбовни услови на полигон од околу 200км2 со изработени населени места и професионални статисти, преку спроведување на директни акции, специјално извидување и синхронизирано воено асистирање извежбуваа тактики, техники и процедури од областа на неконвенционалното војување.

Вежбата Allied Spirit VI е една од многуте досега во која припадниците на АРМ од единицата на баталјонот за специјални намени „волци“ со својата стручност, професионалност и одважност го даваат својот придонес во интегративните процеси на АРМ во структурите на НАТО.

На меѓународната вежба Allied Spirit VI, во организација на командата на Армијата на САД за Европа учествуваа околу 2770 припадници на армиите на САД, Македонија, Канада, Чешка, Унгарија, Словенија, Италија, Германија, Франција, Естонија, Летонија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП