6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАThomas Cook гледа рани знаци за враќање на туристите кон Турција и...

Thomas Cook гледа рани знаци за враќање на туристите кон Турција и Египет

Британскиот тур-оператор „Thomas Cook“ изјави дека овој пазар почна да се опоравува по серијата терористички напади и политичките турбуленции во минатата година кои ја потиснаа побарувачката.

Резервациите за ова лето предвидоа 10% раст во целина во однос на минатата година. Тур-операторот, рече дека гледа „рани знаци дека клиентите почнуваат да се враќаат назад кон Турција и Египет“.

Побарувачката на одмор во Турција и Египет драстично опадна по бомбашкиот напад на авион, кој патувал од одморалиштето Шарм ал-Шеик, и по искуството на турската армија да ја собори владата во земјата.

„Thomas Cook“ изјави дека наместо овие дестинации компанијата ги прошири своите понуди за одмор во Грција и резервациите за летните одмори, се зголемија за 40%.

Според тур-операторот во Велика Британија бројот на резервации останува без промена, а просечните цени се зголемија за 3%.

„Thomas Cook“, рече дека конкуренцијата останува силна за шпанските острови, што доведе до ценовна војна меѓу авиокомпанијата. Компанијата сепак додава дека побарувачката за овие одморалишта  „е избалансирана“.

Групата вели дека требало да ги зголеми цените за пакет одморите за 5%, откако хотелиерите на шпанските острови ги зголемиле своите со околу 6% до 8% поради големиот број туристи.

Зимската сезона на групацијата е завршена според очекувањата, а британските резервации пораснале за 6%, но продажните цени се намалија во просек за 1%.

Акциите на групата поевтинија за 2%, иако „Thomas Cook“ потврди дека бизнисот останува во согласност со очекувањата на „Сити“ за целата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП