12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА7 знаци дека сте премногу паметни за работата која во моментот ја...

7 знаци дека сте премногу паметни за работата која во моментот ја работите

Никој не сака неговите вештини да бидат неискористени или неговиот потенцијал да биде занемарен. Многумина со факултет и мастер дипломи работат работа која може да се работи и со средно училиште.

Нормално, факултетската диплома не го прави кандидатот автоматски поинтелигентен од останатите. Било кој може да биде премногу паметен за својата работа, да биде преквалификуван или заглавен во погрешна улога, позиција или организација.

Еве неколку сигнали кои покажуваат дека е време да прејдете на нешто ново, и уште попредизвикувачки, и тоа што поскоро!

1. Досадно ви е – Постојаната досада е најголемиот показател дека сте премногу паметни за својата работа. Доколку се досадувате на работното место, тогаш сте на погрешното место.

2. Не морате да се трудите -Добор е ако брзо учите и сте над просекот во областа, но ако константно сте предобри во речиси се, време е да размислите дали можеби сте преквалификувани за таа работа.

3. Вашите колеги се заглавени на истото место – Ако колегите не можат да ве следат кога им објаснувате комплексна идеја, или сакаат да работат како што досега си работеле и не прифаќаат новитети, тоа можеби е знак дека средината е поназад од вас.

4. Ништо не сте научиле – Човекот учи секојдневно додека е жив, доколку вие буквално ништо не научувате на работа, тогаш дефинитивно не сте за таму.

5. Вашиот шеф нема визија – Вашиот шеф е човекот од кого треба да учите. Доколку тој нема идеи како компанијата треба да напредува, ниту неговите вработени нема да знаат што да прават.

6. Се повлекувате – Имате тенденција да не зборувате на состаноците бидејќи сте загрижени дека луѓето ќе ве гледаат како некој канцелариски сезнајко, или како некој кој сака да биде во центарот на вниманието.

7. Вие раководите со вашите шефови  Сите правиме грешки, но ако постојано се наоѓате себе си како ги пронаоѓате грешките во работата на своите шефви, тоа би можело да биде знак дека сте препаметни за својата позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП