3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсламска држава е пред банкрот

Исламска држава е пред банкрот

Поранешниот министер за финансии на Ирак, Хошјар Зебари, во интервјуто за “Скај њуз” изјави дека терористичката група “Исламска држава” е речиси банкротирана и веќе едвај ги плаќа борците.

Пред тоа, благодарение на огромната мрежа на криминални претпријатија кои ја финансираа “Исламска држава” се сметаше за најбогата терористичка организација во светот. Сепак, редовната кражба на нафта беше всушност главен извор на приход.

Според Зебари, во најдобрите денови ИД дневно заработуваше помеѓу 3 и 5 милиони долари.

„Но, сега не е така. Тие беа многу, многу богата организација. Сега мислам дека тие се пред банкрот. Покрај тоа, тие губат и земјиште и затоа битката за Мосул е од клучно значење за нив. Само таа ќе може да стави крај на нивниот калифат, да се стави крај на т.н. ‘Исламска држава’“, додаде поранешниот министер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП