10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема промени кај цените на нафтата

Нема промени кај цените на нафтата

Цената на нафтата на лондонската берза во понеделник не се менуваше, додека во Њујорк ослаби, додека трговците се обидуваат да проценат какви се шансите водечките производители да продолжат да го намалуваат снабдувањето и по јуни.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 50,54 американски долари(УСД). На американскиот пазар се лизна 37 центи, на 47,6 УСД.

Дополнителна пречка на цената беа новите сигнали дека намаленото снабдување што го спроведуваат произведувачите на чело со ОПЕК, резултира со поголемо производство во САД.

Така, американските производители го зголемиле бројот на бушотини десетта недела по ред, со оглед на зголемените инвестиции во проширувањето на производството.

Одвоено ОПЕК на својата интернет страница објави дека цената на барелот на референтната кошничка од неговата нафта во петокот изнесувала 48,26 УСД, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП