6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомаќинствата во еврозоната земале најмногу кредити од 2010 година

Домаќинствата во еврозоната земале најмногу кредити од 2010 година

Кредитирањето на домаќинствата во еврозоната во февруари порасна по најголема стапка од крајот на 2010 година, додека кредитирањето на компаниите неочекувано забави.

Ова го покажаа објавените податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).

Стапката на кредититрање на домаќинствата во 19-члената еврозона пораснала во февруари на 2,3 проценти од 2,2 проценти од јануари, што е најголемата стапка на раст од декември 2010 година и сигнал дека „евтините пари“ на ЕЦБ полека го наоѓаат патот до домаќинствата, оценува агенцијата Ројтерс.

Истовремено, стапката на раст на кредитирањето на компаниите забави на 2,0 проценти од 2,3 проценти од јануари, што е најниска стапка на раст од јуни минатата година.

Податоците за кредитирањето и служат на централната банка на еврозоната како показател на ефикасноста на нејзините политики со ниски каматни стапки и масовен откуп на обврзници, која има за цел во финансискиот систем и во реалната економија да вбризга средства.

Растот на вкупната количина на пари во оптек (М3) изнесувал 4,7 проценти во февруари, што е забавување во однос на растот од 4,8 проценти од јануари и под очекувањата на растот на аналитичарите кои ги анкетираше Ројтерс од 4,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП