Синдикатот “Верди” договори тригодишен договор за зголемување на платите и надоместоците на 2 000 лица вработени од земниот персонал на берлинските аеродроми, пренесува во вторникот Reuters.
Оваа зделка става крај на опасноста од нов штрајк на вработените, бидејќи само последниот доведе до откажување на околу 2.000 летови од и за германската престолнина.
Договорот предвидува раст на платите за 14%. Зголемувањето ќе биде спроведено во неколку етапи во текот на следните три години.
Договорено е зголемување на платата, како и подобрување на условите во договорите на работници се вели во соопштението на синдикалните организации.
Се уште се очекува официјалното одобрување на договорот од страна на членовите на организацијата. За сега, исто така нема коментар од страна на работодавците.