25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа почетокот на неделата aкциите на Алкалоид АД Скопје најтргувани на берзата

На почетокот на неделата aкциите на Алкалоид АД Скопје најтргувани на берзата

Почетокот на неделата на Македонската берза започна со незначителен пад на индексот МБИ 10 од 0,05 отсто и заврши на 2.263,03 индексни поени. Вкупниот промет изнесуваше 4.414.697 милиони денари остварен преку вкупен број од 26 трансакции.

Се тргуваше со вкупно 11 хартии од вредност од кои акциите на Алкалоид АД Скопје беа најтргувани, со остварен промет од 1,5 милиони денари, и истргувана од 273 акции по просечна цена од 5.700 денари. Оваа акција воедно беше и единствената акција со промет над милион денари.

Листата на добитници беше многу скромна со само две акциии и тоа Адинг Скопје со раст од 9,55 отсто со истргувани 5 акции по просечна цена од 700 денари и РЖ Услуги со раст од 2,04 проценти и истргувани 12 акции по просечна цена од 100 денари.

Кај губитниците пад од 2,95 отсто од вредноста изгубија акциите на Топлификација Скопје. За обврзниците во понеделникот немаше заинтересираност, па така индексот ОМБ остана непроменет на претходната вредност од 129,70.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП