21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе помалку Британци очекуваат позитивен ефект за економијата од Brexit

Се помалку Британци очекуваат позитивен ефект за економијата од Brexit

Британците стануваат негативно настроени кон „Brexit“. Само 29% од британските домаќинства анкетирани во март, веруваат дека „Brexit“ ќе има позитивно влијание врз британската економија во наредните 10 години, покажува „IHS Markit“, цитирана од „CNNMoney“.

Тоа е сериозен пресврт во однос на јули 2016-та година, кога 39% од јавноста сметаше дека заминувањето од Европската унија ќе ја направи економијата на Велика Британија подобра.

Уделот на домаќинствата кои очекуваат економските перспективи да се влошат, се зголеми од 42% до 53% во текот на истиот период. 18 отсто од анкетираните не очекуваат промена.

„Сега песимизмот се шири меѓу сите групи по возраст и приходи“, вели Крис Вилијамсон, главен бизнис економист во „IHS Markit“. „Највпечатлив пресврт се гледа меѓу најслабо платените кои од најголеми оптимисти сега се најголемите песимисти“.

Домаќинствата во Шкотска, каде 62% од луѓето гласаа против излегување од ЕУ, се негативно настроени за влијанието врз економијата.

Луѓето во производството и градежништвото се единствените групи вработени кои го сметаат „Brexit“ за позитивен на долг рок. Вилијамсон вели дека вработените во производството можеби гледаат предност во слабата фунта која го поддржува извозот. Валутата падна за 17% од референдумот, па наваму.

Се очекува во среда премиерот Тереза ​​Меј да го активира официјално процесот на излегување.

Иако британската економија се претставува неочекувано добро во месеците по референдумот во јуни, реалноста почнува да станува сурова.

Инфлацијата скокна до 2,3% во февруари во однос на претходната година, а корисниците почнуваат да ги ограничуваат своите трошоци поради притисокот од повисоките цени.

Вилијамсон вели дека би било интересно да се види како расположенијата се менуваат во текот на преговорите.

„Засега изгледа како населението барем стана песимисти во однос на економските последици од Brexit“, вели тој.

Истражувањето меѓу 1.500 испитаници е реализирано како дел од индексот на „Markit Household Finance Index“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП