6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците од Британија бараат Меј да обезбеди слободна трговија со ЕУ

Земјоделците од Британија бараат Меј да обезбеди слободна трговија со ЕУ

Британските земјоделци, супермаркети и добавувачи на храна апелираа до британската премиерка Тереза Меј во претстојните преговори за Brexit да обезбеди постигнување на договор за слободна трговија со ЕУ, која би била примената по излегувањето на Велика Британија од Унијата, пренесува SEEbiz.

Индустриските челници рекле дека немањето на ваков договор би можел да и наштети на британската понуда на храна и пијалоци, и да доведе до поскапување. Иако поголем дел од оваа индустрија е сместен во Велика Британија, таа не може да работи во изолација, навеле челниците.

Тие ги повикале министрите да се погрижат на увезените и извезените производи да не се наметнат поголеми царински давачки. Меј се подготвува да го покрене процесот на излегувањето на земјата од ЕУ во среда, кога ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, по што Велика Британија има две години во кои мора да ги финализира условите по кои ќе се повлече од ЕУ.

Во заедничко писмо, Националното здружение на земјоделцит, Здружението на индустријата на храна и пијалоци и Британскиот малопродажен конзорциум, ги повикуваат министрите да се погрижат да им се овозможи континуирана бесцаринска слободна трговија со ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП